Остра реакција од министерот за ЕУ Бозкир против амбасадорот на ЕУ Хабер

Министерот за ЕУ Волкан Бозкир покажа остра реакција на зборовите на претседателот на делегацијата на ЕУ за Турција амбасадорот Хансјорг Хабер и рече дека треба да му објасни на турскот народ што сакаше на каже велејќи „како Германец и како Турчин“

490910
Остра реакција од министерот за ЕУ Бозкир против амбасадорот на ЕУ Хабер

Министерот за ЕУ и главен преговарач Волкан Бозкир покажа остра реакција на зборовите на претседателот на делегацијата на ЕУ за Турција амбасадорот Хансјорг Хабер.

Бозкир рече: „Овој германски амбасадор на ЕУ треба да му објасни на турскот народ што сакаше на каже велејќи ’како Германец и како Турчин’“.

Министерот за ЕУ Волкан Бозкир во пораката што ја сподели на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер нагласи дека амбасадорот на ЕУ во Анкара Хансјорг Хабер во неговата изјава за печатот употребил изрази кои што не му доликуваат на еден амбасадор.

Волкан Бозкир во својата порака го изнесе следното: „Овој германски амбасадор на ЕУ треба да му објасни на турскиот народ што сакаше на каже велејќи ’како Германец и како Турчин. Ниту еден дипломат и особено амбасадор не може да му се обраќа на овој начин на претседателот на државата во која се наоѓа на должност. Еден амбасадор не располага со право да ги омаловажува државата во која се наоѓа и нејзиниот народ и да му каже нешто на претседателот на таа држава. Тоа е прво правило на дипломатијата. Односите меѓу Турција и ЕУ поминуваат низ критичен период кога не можат да се поднесат овие дипломатски гафови и негативниот поглед од високо кон Турција. Од амбасадорот на ЕУ Хабер сега очекувам или да донесе појаснување во однос на ова прашање или да го стори неопходното.“  

Претседателот на делегацијата на ЕУ за Турција амбасадорот Хансјорг Хабер во изјавата што ја даде за група новинари во врска со визната либерализација истакна дека 72-вата критериуми кои што ЕУ бараше да ги исполни Турција за визна либерализација беа познати уште од 2013 година и притоа го употреби изразот: „Кај нас постои една народна поговорка која вели ’Да се започне како Турчин, а да се заврши како Германец’, но овде се случи спротивното.“



Слични вести