Митинг на жалост во Анкара по повод 72-годишнината од насилното прогонување на кримските Татари

За митингот што се одржа од страна на Платформата на кримската татарска организација голем број кримски Татари и турски граѓани кои дојдоа од различни градови на Турција се собраа пред Културниот центар Ататурк во Анкара

490958
Митинг на жалост во Анкара по повод 72-годишнината од насилното прогонување на кримските Татари

Вчера во Анкара беше одржан митинг на жалост по повод 72-годишнината од насилното прогонување на кримските Татари од својата татковина.

За митингот што се одржа од страна на Платформата на кримската татарска организација голем број кримски Татари и турски граѓани кои дојдоа од различни градови на Турција се собраа пред Културниот центар Ататурк во Анкара.

Големиот број учесници на митингот во своите раце носеа кримски, украински и турски знамиња и извикувајќи слогани со поддршка на Крим и кримските Татари пристигнаа на плоштадот Анадолија.

Под строги безбедносни мерки учесниците пристигнаа на местото на митингот на кој им беше оддадена почит на жртвите во терористичките напади во Турција и за време на насилното прогонување на кримските Татари од своите родни места.

Беа пеани турски и кримски национални маршеви, се читаа молитви и беа пеани кримски песни.

Претседателот на кримското здружение Тунџер Калкај во говорот што го одржа пред учесниците на митингот истакна дека притисокот и зулумот на Русија пред 72 години се повторува во регионот и денеска.

Нагласувајќи дека ќе продолжи борбата на кримските Татари кои се противат на окупацијата на Украина, Калкај им се заблагодари на сите оние од чија страна се поддржуваа оваа праведна борба на кримските Татари и на оние кои заземаат место на страната на невиноста.

На митингот на жалост по повод 72-годишнината од насилното прогонување на кримските Татари од своите родни места учествуваше и амбасадорот на Украина во Анкара Сергеј Корсунски кој истакна дека денеска сеуште се срами поради тоа што неговата земја не можеше да ја спречи окупацијата на Крим.

Амбасадорот Корсунски додаде дека наближуваат деновите кога заедно ќе се стави крај на окупацијата на Крим.



Слични вести