Сумејје Ердоган, ќерката на претседателот Ердоган се мажи за Селчук Бајрактар

На свадбата се поканети 6 илјади гости

490869
Сумејје Ердоган, ќерката на претседателот Ердоган се мажи за Селчук Бајрактар

Денес ќерката на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Сумејје Ердоган се мажи за Селчук Бајрактар.

Свадбата се одржува во Културниот центар Јахја Кемал Бејатли во Ќучукчекмеџе во Истанбул.

Претседателот Ердоган во Културниот центар од палатата Хубер долета со хеликоптер.

На свадбата се поканети 6 илјади гости поради што во културниот центар и пошироката околина се преземени сеопфатни безбедносни мерки, а некои патишта беа затворени.



Слични вести