Експлозија во населеното место Сур во градот Дијарбакир

Синоќа во доцните часови се случи експлозија во една куќа во населеното место Сур во градот Дијарбакир во која според првичните претпоставки животот го загубија 4 лица, а 22 лица се повредени од кои двајца потешко

489786
Експлозија во населеното место Сур во градот Дијарбакир

Во населеното место Сур во градот Дијарбакир дојде до експлозија во една куќа во која животот го загубија 4 лица, а 22 лица се повредени.

Се претпоставува дека експлозијата се случила при товарење на експлозив во возило синоќа во доцните часови од страна на терористите на ПКК. 

Експлозијата се слушнала и од голем број околни населени места на градот додека состојбата на двајцата од 22-ве повредени била тешка

При експлозијата била отворена голема дупка на местото на настанот и била причинета штета во околните возила и голем број куќи.

Продолжува истрагата во врска со случајот.

Во меѓувреме од страна на воени извори беа демантирани тврдењата дека во операцијата против терористичката организација ПКК во населеното место Нусајбин во округот Мардин биле употребени воени авиони.

Воени извори соопштија дека апсолутно не се точни тврдењата кои што заземаат место на некои интернет портали и сметки на корисници на социјалните медиуми, а во кои се вели дека во операцијата во Нусајбин во Мардин биле употребени воени авиони.



Слични вести