Терористички напад со возило-бомба врз воено сервис-возило во Истанбул

Во квартот Санџактепе во Истанбул во моментот на поминување на воено сервис-возило од страна на терористите беше експлодирано паркирано возило-бомба на крајот на патот при што беа ранети 8 лица од кои 5 војници и тројца цивили

489744
Терористички напад со возило-бомба врз воено сервис-возило во Истанбул

Во моментот на поминување на воено сервис-возило во квартот Санџактепе во Истанбул експлодира паркирано возило-бомба на крајот на патот.

По експлозијата на местото на настанот беа испратени голем број полициски екипи и беа преземени безбедносни мерки во областа.

Повредените во терористичкиот напад беа префрлени на лекување во околните болници.

Валијата на Истанбул Васип Шахин истакна дека откако воено сервис-возило кое превезуваше воен персонал во 16:45 часот според турско време излегло од касарната Исмаил Хакки Тунабојлу експлодира паркирано возило-бомба на крајот на патот и притоа во случајот бес ранети 8 лица од кои 5 војници и тројца цивили.

Во меѓувреме од страна на Републичкото Главно јавно обвинителство Анадолија беше започната истрага во врска со експлозијата.

Како што се дознава според првичните претпоставки експлозивот поставен во возило паркирано на крајот на патот бил експлодиран со далечинско управување веднаш по поминување на военото сервис-возило. 

Се истакнува дека во терористичкиот напад не биле пронајдени докази за евентуален самоубиствен-напаѓач.

Од друга страна преку интернет страницата на Генералштабот беше објавено соопштение во кое се осудува нападот.

Во соопштението се потсетува дека во квартот Санџактепе во Истанбул во моментот на поминување на воено сервис-возило кое превезуваше воен персонал на Турските вооружени сили од страна на терористите беше експлодирано паркирано возило-бомба на крајот на патот. 

„Остро го проколнуваме овој подол и кукавички напад и на нашите повредени јуначки соборци во нападот им посакуваме побрзо оздравување.“ - се вели во соопштението на Генералштабот.



Слични вести