Министерот Џевдет Јилмаз ја прими делегација на МАТТО предводена од Туна Ејуп Кахвеџи

Министерот за развој Џевдет Јилмаз на приемот на делегацијата на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) истакна дека истакна дека меѓу Турција и Балканските земји постојат цврсти врски

489751
Министерот Џевдет Јилмаз ја прими делегација на МАТТО предводена од Туна Ејуп Кахвеџи

Министерот за развој Џевдет Јилмаз ги прими во министерството претседателот на Управниот одбор на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) Туна Ејуп Кахвеџи и делегацијата во негова придружба.

Во оваа пригода Џевдет Јилмаз подвлече дека постојат цврсти човечки и историски врски меѓу Турција и Балканските земји и привлече внимание дека за просперитетот на Балканските земји и Турција овие врски треба да се конвертираат во економска додатна вредност.

Јилмаз рече: „Во последните 15 години се вложени многу големи напори во оваа насока. Ние како Турција секогаш сме на страната на спокојството и мирот на Балканот.“

Велејќи дека обемот на годишната надворешна трговија со Македонија изнесува над 400 милиони долари, министерот за развој Џевдет Јилмаз го нагласи и тоа дека трговијата со Балканските земји треба да биде на уште повисоко ниво. 



Слични вести