Истапот на Претседателот Ердоган ја принуди Европската комисија да фрли чекор назад

Европската комисија во своето последно соопштение истакна дека тоа што Анкара не сака да го преразгледа дефинирањето на тероризмот нема да стави крај на постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ за бегалците

489587
Истапот на Претседателот Ердоган ја принуди Европската комисија да фрли чекор назад

Острите изјави на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја принудија Европската комисија да фрли чекор назад.

Европската комисија во своето последно соопштение истакна дека тоа што Анкара не сака да го преразгледа дефинирањето на тероризмот нема да стави крај на постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ за бегалците.

Портпаролот на комисијата Маргаритис Шинас истакна дека Брисел продолжува да работи по прашањето на визната либерализација за турските граѓани кои ќе патуваат во Шенген зоната.

На барањата на ЕУ од Турција за измена на Законот за борба против тероризмот претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во неколку наврати покажа мошне остра реакција.

Ердоган рече: „ЕУ вели ’За визна либерализација ќе направиш измена во Законот за борба против тероризмот’. Извини, ајде ние по нашиот пат, ти по твојот пат.“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Волкан Бозкир исто така истакна дека и нема да се измени Законот за борба против тероризмот и по цена на невоведување на визната либерализација за Турција.



Слични вести