Турција остро го осуди воздушниот напад врз цивилите во Идлиб во Сирија

Во објавеното соопштение од страна на турското министерство за надворешни работи се истакнува дека остро се осудува воздушниот напад на сирискиот режим на еден пазар во населеното место Биниш во градот Идлиб

488281
Турција остро го осуди воздушниот напад врз цивилите во Идлиб во Сирија

Турција остро го осуди вчерашниот воздушен напад врз цивилното население во градот Идлиб во Сирија.

Во објавеното соопштение од страна на турското министерство за надворешни работи се истакнува дека остро се осудува воздушниот напад на сирискиот режим на еден пазар во населеното место Биниш во градот Идлиб.

Во соопштението се вели дека сирискиот режим со поддршката што ја добива и од Русија и своите приврзаници продолжува да врши воени злосторста против човештвото и се додава следното: „Овој безмилосен напад директно насочен против цивилите веднаш по изјавата дека САД и Русија постигнале договор во правец на повторно воспоставување на договорот за прекинување на судирите во Сирија со тоа што ќе го опфати и градот Алепо, покажува дека овие видови спогодби кои што никако не можат да се стават во примена уште повеќе го охрабруваат режимот.“

Во соопштението на министерството за надворешни работи на Турција се упатува повик до меѓународната заедница веќе да ги исполни обврските кои што и претстојат и се изразува сочувство за загинатите цивили во нападот, а на повредените им се посакува побрзо оздравување.

Во воздушниот напад кој што вчера беше реализиран од страна на воен авион на Асадовиот режим на еден пазар во населеното место Биниш во градот Идлиб загинаа 10 цивили меѓу кои имаше и жени и деца, а 25 лица беа повредени.



Слични вести