Во терористички напад врз полициските екипи во Баглар-Дијарбакир загинаа тројца осомничени лица

Во реализиран напад со возило-бомба од страна на терористите на ПКК во населеното место Баглар во градот Дијарбакир загинаа 3 лица, а 48 лица се повредени од кои 12 полицајци

488235
Во терористички напад врз полициските екипи во Баглар-Дијарбакир загинаа тројца осомничени лица

Припадници на терористичката организација ПКК реализираа напад со возило-бомба на полициските екипи во населеното место Баглар во градот Дијарбакир.

Во објавеното соопштение од губернијата на Дијарбакир беше истакнато дека во бомбашкиот напад животот го загубија 3 лица осомничени за терористички активности кои се наоѓаа во полицискиот минибус, а 48 лица се ранети од кои 12 полицајци.

Меѓу повредените се наоѓа и едно двомесечно бебе.

16 ранети лица по укажаната лекарска помош во болниците во кои беа префрлени на лекување беа отпуштени.

Како што се истакнува здравствената состојба на едниот од 12-те ранети полицајци е тешка.

Цел на терористичкиот напад беше полициски минибус во кој се наоѓаа 9 полицајци и 7 сомнителни лица кои беа притворени поради терористички активности и беа носени на лекарска контрола.

Полициските сили презедоа безбедносни мерки од широки рамки на местото на нападот каде што веднаш по експлозијата беа испратени голем број полициски екипи и амбулантни возила.

На местото на терористичкиот напад беше отворена голема дупка на патот и беше причинета штета во голем број околни згради.

По нападот безбедносните сили започнаа операција во областа за фаќање на терористите.

Веднаш по терористичкиот напад претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон валијата на Дијарбакир Хусејин Аксој од чија страна беше информиран за случајот.

Претседателот Ердоган го осуди терористичкиот напад, а на повредените полицајци и граѓани им посака побрзо оздравување.

Премиерот Ахмет Давутоглу исто така го побара по телефон валијата на Дијарбакир Хусејин Аксој од кого доби информации за терористичкиот напад.

Премиерот Давутоглу потоа во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара се состана со министерот за внатрешни работи Ефкан Ала и потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан од чија страна беше информиран во врска со деталите на терористичкиот напад.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш, министерот за надворешни работи Мевлту Чавушоглу и министерот за здравство Мехмет Муеззиноглу исто така го проколнаа терористичкиот напад и на повредените им посакаа побрзо оздравување.



Слични вести