„САД и Турција работат на чистење на делот од турско-сириската граница од терористичката ДЕАШ“

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Питер Кук истакна дека САД и Турција работат на исчистување на делот од турско-сириската граница во должина од 98 километри од терористичката ДЕАШ

487617
„САД и Турција работат на чистење на делот од турско-сириската граница од терористичката ДЕАШ“

САД истакнаа дека ја сметаат за значајна секој вид мерка со која ќе се зголеми безбедноста на Турција на нејзината граница со Сирија и напоменаа дека ќе продолжат да работат со турската Влада по ова прашање.

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Питер Кук потсетувајќи на ракетните напади на терористичката организација ДЕАШ од Сирија врз градот Килис и на изјавата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган околу тоа дека „Турција е оставена сама“, одговараше на прашањето „Дали и понудивте нешто плус на Турција од она што и го понудивте досега во борбата против ДЕАШ?“.

Кук одговори со зборовите: „Сакаме да го направиме она што можеме да го направиме за да се чувствува Турција себе си безбедна. Ние ќе проодолжиме да работиме со турската Влада по ова прашање.“

Портпаролот на Пентагон Питер Кук се осврна и на исчистувањето на просторот од турско-сириската граница во должина од 98 километари од терористичката организација ДЕАШ и напомена дека САД се загрижени поради заканата од терористичката ДЕАШ против Турција.

Ставајќи акцент на значењето на исчистувањето на овој наведен простор во борбата против терористичката организација ДЕАШ, Кук рече: „Мислиме дека е значајно преземањето на сето она со кое што ќе се зголеми тамошната погранична безбедност. Нема да навлегувам во содржината на разговорите со турската Влада кои што продолжуваат како ќе се оствари тоа, меѓутоа нашата цел е таа и ја споделуваме мислата на Турција за да се спаси од терористичката ДЕАШ во тој дел на Сирија.

Елизабет Трудо, една од портпаролките на американскиот државен секретаријат исто така изјави дека американската администрација ќе продолжи да ја поддржува Турција која е изложена на нападите на терористичката организација ДЕАШ.

Трудо рече: „Како што велиме ние ќе продолжиме да стоиме силно покрај Турција.“



Слични вести