„Европа сега поради тоа што се соочи со миграцискиот бран ја обзеде паника“

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган рече дека Европа која ги затвори своите уши пред предлозите на Турција по прашањето на Сирија сега поради тоа што се соочи со миграцискиот бран ја обзеде паника

488268
„Европа сега поради тоа што се соочи со миграцискиот бран ја обзеде паника“

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган покажа реакција против Западот кој не ги отвора своите врати за бегалците.

Акдоган рече дека Европа која ги затвори своите уши пред предлозите на Турција по прашањето на Сирија сега поради тоа што се соочи со миграцискиот бран ја обзеде паника.

Нагласувајќи дека во последно време односите меѓу Турција и Еу добија интензитет, Акдоган додаде дека оваа недела се очекува да се добие конкретен резултат во разговорите со ЕУ по прашањето на бегалците.

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган рече дека Европа упатува пофалби за Турција која им ја отвори својата прегратка на бегалците и нагласи дека Западот не ја направи истата посветеност кон мигрантите.

Јалчин Акдоган и се обрати на Европа со следните зборови: „Добро, зошто ти не ги отвораш твоите граници? Зошто не даваш поддршка?“ 

Акдоган рече: „Се се очекува од Турција која сета оваа пожртвуваност ја прави со нејзината морална и совесна одговорност. Тоа не го прави поради тоа што го велат некои. Меѓутоа дојдете и вие фатете од еден крај.“



Слични вести