ЕП продолжува да дискутира за препораката на ЕК за укинување на визите за турските граѓани

Одлуката за разгледување на третиот извештај на генералната седница на Европскиот парламент во кој е внесена препораката за укинување на визите за турските граѓани е внесена и во финалната агенда на Генералната седница на Европарламентот

487557
ЕП продолжува да дискутира за препораката на ЕК за укинување на визите за турските граѓани

Пратениците на Европскиот парламент утре (среда) на генералната седница на Европарламентот ќе дискутираат за одлуката со препорака за безвизно патување на турските граѓани во земјите од Шенген зоната.

Одлуката за разгледување на третиот извештај на генералната седница на Европскиот парламент во кој е внесена препораката за укинување на визите за турските граѓани кои ќе патуваат во земјите од Шенген зоната е внесена и во финалната агенда на Генералната седница на Европарламентот.

Објавениот извештај на Европската комисија на 4 мај вчера беше разгледан и во Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент.

Членовите на Комисијата се обратија до одделот за право на Европарламентот со цел да се испита дали извештајот е во согласност со правото на Европскиот парламент.

Според одделот за право на Европскиот парламент не постои било каков проблем од правен аспект во потпишаниот договор меѓу Турција и ЕУ и одлуката со препорака на Европската комисија.

Членовите на Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент пак ги изнесоа своите критики во однос на тоа дека постои знак прашалник во врска со тоа дали постои одредена правна санкција во врска со постигнатиот договор и објавениот извештај.

Членовите во врска со постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ за бегалците наведоа дека претставува донесена одлука согласно политичките цели.

Одлуката претходно беше разгледана и на претседателската конференција составена од претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и претседателите на пратеничките групи кои се состанаа веднаш по минатонеделната одлука со препорака на Европската комисија.

Притоа беше истакнато дека треба да продолжат активностите се додека бидат целосно исполнети сите услови и додека Европската комисија му даде писмена гаранција на Европскиот парламент по ова прашање.

Во третиот извештај на Европската комисија кој што беше објавен минатата недела и во кој се препорачува безвизно патување за турските граѓани во земјите од Шенген зоната беше истакнато дека Турција исполни 67 од вкупно 72 критериуми.

Според извештајот турските граѓани од јуни ќе можат да патуваат без виза во земјите членки на Шенген зоната.



Слични вести