„Едниот од петте услови кои што ги поставува ЕУ за визна либерализација е катастрофален“

Претседателот Ердоган истакна дека постојат услови кои што ги поставува ЕУ за визна либерализација од кои пак како што рече едниот кој што се однесува на измената на Законот за борба против тероризмот е катастрофален

488273
„Едниот од петте услови кои што ги поставува ЕУ за визна либерализација е катастрофален“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на церемонијата на доделување на 72-от почесен сертификат за услуга и плаката на генералниот совет на Унијата на турските комори и берзи ТОББ.

Притоа во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека е време кога треба да се започне да се работи за нови и многу поголеми цели во секоја сфера од инфраструктурните инвестирања до трговијата.

Укажувајќи на тоа дека финансискиот и банкарскиот сектор треба да го отворат патот пред инвеститорите, претседателот Ердоган рече: „Очекувам да се земат уште повеќе во предвид прашањата кои што ги изнесувам во секоја прилика особено на чело со намалувањето на каматите, а со цел решавање на тешкотиите по прашањето на финансирањето. Ставот на банкарскиот сектор кон реалниот сектор повремено се преобразува во колење на кокошката која носи златни јајца. Не може да постои еден таков начин на сфаќање. Имено финансискиот сектор и банкарскиот сектор треба да го отворат патот пред нашите инвеститори.“

Во врска со помошта која што ќе и се додели на Турција од страна на ЕУ за бегалците претседателот Ердоган рече: „Сеуште велат ’Испратете ни проект, да ви испратиме пари’. Тоа всушност значи поигрување со достоинството на нашиот народ. Нема да дозволиме поигрување со нашето достоинство.“

Ердоган привлече внимание кон тоа дека Турција им ја доставува секој вид помош на бегалците и напомена дека во Турција во моментов се изградени 25 кампови за бегалци, турскиот народ згрижува и ги обезбедува потребите за живот на 3 милиони бегалци и ЕУ која и покрај тоа што вети помош од 3 милијарди евра сеуште применува тактика на добивање во време.

Потсетувајќи дека постојат услови кои што ги поставува ЕУ за визна либерализација, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Има пет услови од кои пак едниот е катастрофален. Кој услов е тој? Ни рекоа ’Ќе го измените Законот за борба против тероризмот“. Оние кои ни го даваат тој памет, зошто го дозволуваат шаторот што го поставуваат терористите пред Европскиот парламент? Најпрвин нека одговорат на тоа прашање. Ако и од Турција бараат измена во Законот за борба против тероризмот со која во главниот град ќе се поставуваат шатори за сочувство за бомбашите-самоубијци, ќе се упатуваат пофалби за терористите и ќе се прави разлика меѓу терористичките организации, тоа да не го чекаат напразно. Турција нема да им ја отвори својата прегратка на тероризмот и на терористот како што прават тие.“

Претседателот Ердоган во врска со постигнатиот договор со ЕУ за визна либерализација рече: „Се надевам дека ќе го одржат својот збор и ќе ја завршат оваа работа најдоцна до октомври. Ако ја завршат сега ќе велиме нека биде ајирлија. Ние нашиот пат досега не го продолжуваме со визи. Ќе продолжиме по нашиот пат на ист начин како и досега. Тоа и не треба премногу да се преувеличува. За се има решение. Ние ќе стоиме цврсто исправени и нема да потклекнеме и да се покориме.“



Слични вести