Волкан Бозкир: Членството на Турција во ЕУ е природен резултат на нејзината историја и географија

Министреот за Еу и главен преговарач Волкан Бозкир во писменото соопштение по повод 9-ти мај Денот на Европа истакна дека членството на Турција во ЕУ е природен резултат на нејзината историја и географија

487279
Волкан Бозкир: Членството на Турција во ЕУ е природен резултат на нејзината историја и географија

Министреот за Еу и главен преговарач Волкан Бозкир во писменото соопштение кое го објави по повод 9-ти мај Денот на Европа истакна дека членството на Турција во ЕУ е природен резултат на нејзината историја и географија.

Бозкир го напиша следното: „Ние сме одлучни нашите односи кои со напредокот на нашиот преговарачки процес и  со механизмот на дијалог на високо ниво кој што продолжува во секоја сфера се стекнаа со интензитет и брзина да ги унапредиме до понапреден степен на основа на заеднички интереси и заедничка визија за иднината.“

Нагласувајќи дека Денот на Европа се одбележува како ден кога е родена мислата за ЕУ со која беше ставено крај на поделеноста на европскиот континент, Волкан Бозкир рече: „Со сеќавање  со почит и благодарност кон оние кои имале придонес во интеграцијата на Европа и процесот на Турција кон ЕУ им го честитам 9-ти мај Денот на Европа на сите европски народи на чело со нашите граѓани.“

Министерот за ЕУ Волкан Бозкир потсети дека Турција со големиот број реформи кои што во процесот на усогласување со ЕУ ги стави во примена има за цел да ги зголеми просперитетот и животниот стандард на своите граѓани. 

Бозкир рече дека на одбележувањето на овој ден кога беа поставени темелите на ЕУ заедничките предизвици како што се тероризмот и илегалната миграција не можат да се пребродат без Турција.



Слични вести