„Не оставија сами во нашата борба против терористичката организација ДЕАШ“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција е оставена сама во борбата против терористичката организација ДЕАШ

486886
„Не оставија сами во нашата борба против терористичката организација ДЕАШ“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа учествуваше на церемонијата на доделување на наградите на Меѓународниот натпревар за краткометражни филмови на тема „Правда и Милост“ во организација на општина Чекмеќој во Истанбул.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека ниту една земја од оние кои велат дека водат борба против терористичката организација ДЕАШ во Сирија не и нанесе загуби на оваа организација колку што и нанесе Турција, а воедно напомена дека Турција е оставена сама во борбата против оваа терористичка организација.

Велејќи дека додека во еден дел на светот се масакрираат недолжни луѓе, во друг дел милијарди луѓе во индиферентност која ги ранува срцата се во потрага по поудобен живот, Ердоган рече: „Беспомошните деца и жени кои бегаат од заканата на суровите диктатори и безмилосните терористички организации, се соочуваат со затворени врати и граници на кои издигнуваат ѕидови, а не со отворена милостива прегратка.“ 

Претседателот Ердоган истакна дека човештвото полага лош испит пред сето она што веќе 6 години се случува во Сирија и рече: „Додека Турција ги отвара своето срце и своите граници за угнетените и беспомошните, оние кои играат ’три мајмуни“, не гледаат, не слушаат и не зборуваат, откако прашањето почна да ги засега нив првата работа што ја направија беше да ги затворат своите врати. Ете тие немаат милост и правда. Тие се диктатори и сурови. И покрај тоа што ние предложивме прашањето да го решиме кај изворот со формирање на безбедносна зона во Сирија и да ги решиме причините кои ги принудуваат луѓето на иселување тие инсистираа сето тоа да го водат кон поразлични насоки.“

Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Ниту една земја од оние кои велат дека водат борба против терористичката организација ДЕАШ во Сирија не плати сметка колку ние. Не оставија сами во нашата борба против оваа огранизација која од една страна со бомбаши-самоубијци, а од друга со напади врз Килис го ранува нашето срце. Разликата помеѓу реакциите кои што се изнесуваат против бомбите кои експлодираат во Анкара и Истанбул и против терористичките акции во Париз и Брисел, не претставува ништо друго туку конкретизирање на неправдата.“

Привлекувајќи внимание и кон тоа дека во ОН постои само Совет за безбедност составен од христијански земји, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во овој светот во кој живеат 1,7 милијарди муслимани ниту една муслиманска земја не располага со право на одлучување. Ние ќе продолжиме да го истакнуваме тоа. Постојано со истакнување со говорење и со појаснување кога тогаш ќе обезбедиме таму освен 5 земји да бидат претставени и останатите 190 земји. Тоа треба да го сториме.“    

Велејќи дека доколку една од 5-те земји постојани членки на Советот за безбедност се противи на изнаоѓањето решение за војната во Сирија не е можно да се фрли било каков чекор по тоа прашање, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган својата реакција ја изнесе со следните зборови: „Зарем може да има една таква правда? Како би можеле да очекувате правда од еден ваков Советот за безбедност? Зошто се лажеме самите себе си?“ 



Слични вести