„На чело на прашањата од кои што денеска имаме најголема потреба на глобално ниво е правдата“

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека на чело на прашањата од кои што денеска постои најголема потреба и кои што најмногу недостасуваат на глобално ниво е правдата

485184
„На чело на прашањата од кои што денеска имаме најголема потреба на глобално ниво е правдата“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во сарајот Долмабахче во Истанбул учествуваше на гала вечерата на Конгресот на Меѓународната унија на високите административни судски органи.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган привлече внимание кон неправедноста на структурата на Советот за безбедност на ОН и истакна дека институциите кои што се задолжени за воспоставување на глобалната правда пред болната драма на бегалците се наоѓа во голема тромавост и блокада.

Велејќи: „Бројот на бегалците кои што ние како Турција ги спасивме од морето досега достигна до 100 илјади лица“, претседателот Ердоган рече: „Во оваа болна слика која што ја ранува човечката совест институциите кои што се задолжени за воспоставување на глобалната правда пред болната драма на бегалците се наоѓа во голема тромавост и блокада. Грижите за интерес се дојдени во позначајна положба од човечкиот живот. Затоа ние велејќи ’Светот е поголем од 5’ привлекуваме внимание кон неправедноста на структурата на Советот за безбедност на ОН.“

Ердоган истакна дека на чело на прашањата од кои што денеска постои најголема потреба и кои што најмногу недостасуваат на глобално ниво е правдата

Претседателот Ердоган напомена дека обрачот на правдата заедно со она древно државно сфаќање на Турција е компас и на начинот на управување и политика во земјата.

Ердоган рече: „Со овој начин на сфаќање во реформите кои што ги ставивме во употреба од 2002 година наваму, во сите социјални, политички и економски измени и надополнувања водевме напори да се земе во предвид и надгледува правдата. Меѓутоа за жал пред нашите активности за укинување на неправдите во секоја фаза беа поставени препреки. Една од тие препреки е тероризмот. Сепаратистичко-терористичката организација прави се за да ги саботира нашите инфраструктурни инвестирања особено во источните и југоисточните делови на нашата земја.“ 



Слични вести