40 отсто од новите приврзаници на ПКК се млади под 18 годишна возраст

ПКК најпрвин децата ги привлекува како симпатизери на организацијата, а потоа во камповите каде што ги носи под закана со оружје, ги обучува да станат терористи

485757
40 отсто од новите приврзаници на ПКК се млади под 18 годишна возраст

40 отсто од новите приврзаници кои се приклучуваат на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралните кадри се млади под 18 годишна возраст.

Терористичката организација, децата чии мозоци ги перат, најпрвин ги привлекуваат како симпатизери на организацијата, а потоа во камповите каде што ги носи под закана со оружје, ги обучува да станат терористи.

Децата во градовите кои се обучуваат да фрлаат камења, молотови коктели и железни кугли на безбедносните сили, по одреден период се следат од страна на наводните раководители на организацијата и оние поактивните, им се перат мозоците или пак присилно, под закана со оружје, се држат по планините.

40 отсто од кадрите во руралното подрачје на организацијата се деца под 18 годишна возраст. 10 отсто се деца под 15 годишна возраст кои од страна на организацијата се искористуваат за нарушување на стабилноста на Турција во акциите како наводни „градски герилци“. Некои од девојчињата за жал се изложени дури на сексуална злоупотреба.

Еден од терористите кои им се предаде на безбедносните сили, рече дека кога и се приклучил на терористичката организација имал само 13 години. Во подрачјето Гара на северот на Ирак се наоѓа еден баталјон за 6 месечна обука на децата од 11 до 15годишна возраст. Малите деца кои се киднапираат од Сирија, се обучуваат во летните кампови на младинскиот баталјон.



Слични вести