Во терористички напад со возило-бомба во Дерик-Мардин животот го загуби еден војник

Во реализиран напад со возило-бомба од страна на припадници на терористичката организација ПКК во населеното место Дерик во округот Мардин животот го загуби еден војник, а 11 лица беа ранети од кои 9 војници и 2-јца цивили

483701
Во терористички напад со возило-бомба во Дерик-Мардин животот го загуби еден војник

Група припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК синоќа извршија напад со возило-бомба на жандармериската станица Учјол во населеното место Дерик во округот Мардин.

Во терористичкиот напад животот  го загуби еден војник, а 11 лица беа ранети од кои 9 војници и 2-јца цивили.

Валијата на Мардин Омер Фарук Кочак ги посети повредените војници во болницата каде што се наоѓаат на лекување.

Во меѓувреме во рамките на борбата против тероризмот беа реализирани воздушни напади врз однапред утврдени цели на терористичката организација ПКК во руруалните места на градот Ширнак и во руралните подрачја на населеното место Шемдинли во округотХаќќари.



Слични вести