Собранието ги усвои и последните 2 закони за воведување на безвижен режим за турските граѓани

На синоќешната седница на собранието беа изгласани законот за Комисијата за надзор на силите за спроведување на законот и договорот за реадмисија со ЕУ

484016
Собранието ги усвои и последните 2 закони за воведување на безвижен режим за турските граѓани

Синоќа во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) беа усвоени уште две законски регулативи во рамките на критериумите кои што се бараат од страна на ЕУ од Турција за ставање во примена на визната либерализација за турските граѓани.

Во собранието беа изгласани законот за Комисијата за надзор на силите за спроведување на законот и договорот за реадмисија со ЕУ.

Законот за Комисијата за надзор на силите за спроведување на законот има за цел постапките кои што се водат поради кривични дела за кои се тврди дека се извршени од страна на безбедносните сили или поради нивните активности за кои се предвидува да се изрече дисциплинска казна, да бидат евидентирани во единствен централен систем.

Во тие рамки ќе се поведе истрага првенствено во врска со тврдењата против силите за спроведување на законот како што се убиства и измачувања, по што ќе се поведе итна судска постапка

Комисијата за надзор на силите за спроведување на законот ќе биде независна во својата задача и своите надлежности. Нема да добива наредба и директива од било кој орган или било која личност.

Освен овој закон во собранието беше изгласан и договорот за реадмисија меѓу Турција и ЕУ.

На тој начин е озаконето враќањето назад на илегалните мигранти кои се дојдени во земјите на ЕУ преку териториите на Турција.



Слични вести