Ердоган престојувaше во посета на Командата на специјалните сили во Ѓолбаши во Анкара

Претседателот Ердоган ги проследи активностите за обука на бордо беретките

483642
Ердоган престојувaше во посета на Командата на специјалните сили во Ѓолбаши во Анкара

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојувaше во посета на Командата на специјалните сили во Ѓолбаши во Анкара.

Претседателот Ердоган беше придружуван од страна на началникот на генералштабот генерал на армија Хукуси Акар.

Ненадејната посета бешее затворена за печатот.

Во рамките на посетата на хероите на борбата против тероризмот, претседателот Ердоган ги проследи активностите за обука на бордо беретките и во тие рамки ги посето тунелот вертикален тунел, тркачката патека со пречки, кулата за обука и полигонот за стрелање.

Ердоган активно и на лице место ги проследи активностите на персоналот на Турските вооружени сили кој се обучува на највисоко ниво и може да делува на сите видови терени и во сите климатски услови.

Претседателот Ердоган се сликаше спомен фотографија со персоналот.



Слични вести