Во Килис загина едно лице од ракета исфрлена од Сирија

Безбедносните сили возвратија со оган од хаубиците и повеќецевните ракетни фрлачи врз позициите на терористичката организација ДАЕШ

482858
Во Килис загина едно лице од ракета исфрлена од Сирија

Во Килис загина еден Сириец, а двајца беа повредени од ракетата која беше исфрлена од Сирија.

Во куќата која што се наоѓаше во непосредна близина на местото каде што падна ракетата избувна пожар кој беше угаснат од страна на пожарникарските екипи.

По нападот со ракета, безбедносните сили возвратија со оган од хаубиците и повеќецевните ракетни фрлачи врз позициите на терористичката организација ДАЕШ во Суран, Аршак, Икдах и Ихтималат во Сирија. Во нападот беа убиени 50 терористи на ДАЕШ.



Слични вести