Усвоен предлогот за промена на делот од Уставот за укинување на имунитетот на пратениците

Од денот кога новата одредба ќе стапи на сила, предметите за укинување на пратеничкиот имунитет ќе можат да се достават до надлежните инстанци

483188
Усвоен предлогот за промена на делот од Уставот за укинување на имунитетот на пратениците

Предлогот за промена на делот на Уставот во врска со укинувањето на имунитетот на пратениците за кои е поднесена кривична пријава беше усвоен од страна на уставната комисија на Големото национално собрание на Турција.

Според тоа, со легализација на предлогот од страна на Собранието, во врска со пратениците против кои е поднесена кривична пријава, нема да важи одредбата на 83-от член на Уставот со кој се регулира „имунитетот на пратениците“, кој гласи „Пратеник за кого се изнесува тврдење дека пред изборот или по изборите извршил кривично дело, се додека не се усвои Собраниска одлука, не може да се притвори, да биде изложен на сослушување и не може да му се суди“.

Од денот кога новата одредба ќе стапи на сила, кривичните досиеја односно предмети за укинување на пратеничкиот имунитет во рок од 15 дена од Мешовитата Уставна комисија и комисија за правда, раководството на Собранието, Владата и Министерството за правда ќе можат да се достават до надлежните инстанци.

Предлогот идната недела се очекува да биде доставен на разгледување и гласање до Генералното заседание на Собранието.

За време на гласањето на предлогот кој едногласно беше усвоен од страна на владејачката Партија за правда и развој (АКП), главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) и Партијата за национално движење (МХП), пратениците на Демократската партија на народите (ХДП) ја напуштија салата.

Во меѓувреме, до раководството на Собранието беа доставени уште 19 нови досиеја за укинување на пратеничките имунитети.

На тој начин, вкупниот број на досиеја во врска со укинувањето на пратеничкиот имунитет достигна 619.



Слични вести