Нуман Куртулмуш ги прими странските новинари од земјите на ЕУ

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ги прими владиниот дворец на Чанкаја во Анкара поканетите странски новинари од земјите на ЕУ

483634
Нуман Куртулмуш ги прими странските новинари од земјите на ЕУ

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ги прими поканетите странски новинари од земјите на ЕУ од страна на Генералната дирекција за печат и информирање, а во рамките на Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи на 23 и 24 мај во Истанбул.

На приемот што се одржа во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара, Куртулмуш одговараше на прашањата на странските новинари кои ги информираше во врска со активностите кои што ги води Турција во врска со сириските мигранти и борбата што ја води против терористичката организација ДЕАШ.

Со цел да се обезбеди обемно и ефикасно афирмирање во меѓународната јавност на Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи на 23 и 24 мај во Истанбул, од страна на Генералната дирекција за печат и информирање беа поканети претставници на печатот од Австрија, Естонија, Италија, Луксембург, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Грција, Бугарија, Англија и Словачка.

Странските новинари во рамките на програмата што е подготвена од 2 до 6 мај ќе бидат угостени во Анкара, Газиантеп и Истанбул.



Слични вести