Владина седница под претседателство на претседателот Ердоган

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган претстава со Владината седница која што започна во претседателската палата во Бештепе во Анкара

482119
Владина седница под претседателство на претседателот Ердоган

Започна седницата на Владата со која претседава претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

На дневниот ред на Владината седница која се одржува по шести пат во претседателската палата во Бештепе во Анкара се наоѓаат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и работите за повторна изградба на подрачјата каде што се реализираат операциите, борбата против паралелната државна структура и пакетот безбедносни мерки кон градот Килис.

Освен тоа на седницата се очекува да  се разговара и за случувањата во регионот на чело со оние во Сирија и Ирак, како и постигнатиот договор со ЕУ по прашањата на враќање на илегалните мигранти од земјите на Унијата во Турција  и визната либерализација.

По преземањето на претседателската функција претседателот Реџеп Тајјип Ердоган досега пет пати претседаваше со Владината седница.

Првата седница на Владата под претседателство на претседателот Ердоган се одржа на 19 јануари во 2015 година, а последната на 22 февруари годинава (2016).



Слични вести