Полицијата установи траги на терористичката ПКК и во самоубиствениот напад во Бурса

Полицијата која ги продолжува истражувањата установи траги на терористичката организација ПКК и во самоубиствениот бомбашки напад минатата недела во среда во близина на џамијата улу во градот Бурса

482201
Полицијата установи траги на терористичката ПКК и во самоубиствениот напад во Бурса

Траги од сепаратистичко-терористичката организација ПКК и во терористичкиот напад кој што беше извршен минатата недела во среда во градот Бурса...

Продолжуваат работите за утврдување на идентитот на жената-терорист на ПКК која го реализира самоубиствениот бомбашки напад минатата недела во среда во близина на џамијата Улу во Бурса во кој беа повредени 13 лица.

Од семејството на жената бомбаш-самоубиец ќе бидат земени ДНК примероци и по извршените анализи ќе биде утврден и точниот идентитет на жената-терорист.

Полицијата почнувајќи од бројот на билетот за градски автобус пронајден на местото на експлозијата на кој што пишуваше „Султан Ханим“ ги разгледува сите докази и благодарение на овие откриени докази ги утврди лицата од чија страна и бил обезбеден експлозивот на жената-терорист, оние кои биле курири и оние кои и помогнале на жената-терорист да дојде во Бурса.

Во тие рамки во врска со терористичкиот напад беа уапсени 6 лица.

Освен тоа беше установено дека жената-терорист на 25 април заедно и со еден маж и една жена направила увид кај џамијата Улу и околината.

Жената-терорист купила еден мобилен телефон кој што бил употребен во уредот за активирање на бомбата, а исто така на снимките е установено дека од Капаличаршија во Бурса ја купила чантата во која ја ставила експлозивната направа.

Од снимките воедно е установено дека жената-терорист по 7 секунди откако ги видела двајцата од полициските службеници на задача кај џамијата Улу, ја активирала бомбата.



Слични вести