„Исламскиот свет ќе ги скрши своите пранги“

Премиерот Ахмет Давутоглу во своето синоќешно обраќање до нацијата истакна дека исламскиот свет ќе ги скрши своите пранги, а како што рече бидејќи пред него постои еден успешен пример како што е Турција

481608
„Исламскиот свет ќе ги скрши своите пранги“

Премиерот Ахмет Давутоглу во своето синоќешно обраќање до нацијата преку телевизијата „На патот на нова Турција“ направи проценка на актуени прашања и притоа истакна дека битката на Кут ал Амар (Куту’ул Амаре) е последнито голем отпор на угнетените народи рамо до рамо против експлоататорите и окупаторите.

Нагласувајќи дека со победата на Кут ал Амар (Кут’ул Амаре) сите етнички и верски групи на Османлиските простори во братство и единство постигнаа голем успех против експлоататорите, Давутоглу рече: „Таму ги имаше Турците, Курдите, Арапите, Сунитите,Шиитите, Келданите, Асирците, но нивната цел беше иста; да го одбранат духот на Багдад. Исто како и децата од Румелија, Анадолија и од Месопотамија кои во бранови отидоа во Чанаккале за да го одбранат духот на Истанбул.“

Осврнувајќи се и на проблемите во исламскиот свет, премиерот Ахмет Давутоглу рече: „Внатре суровите режими кои вршат зулум над сопствениот народ и варварските терористички групи кои газејќи ги сите видови совесни принципи, а надвор средините кои исламот како религија на милоста со една целосна искривоколчена перцепција оваа религија сакаат да ја прикажат со една сосема поразлична предрасуда, односно исламофобичните средини. Односно средините кои кон исламот, односно кон исламскиот свет, односно кон Муслиманите гледаат со ориенталистички поглед, како и нападите на екстремните расистички движења во Европа. Исламскиот свет ќе го надмине ова приклештување. Исламскиот свет ќе ги скрши овие пранги. Бидејќи во исламскиот свет постои еден успешен пример како што е Турција.“

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека светот поминува од еден мошне тежок период, но напомена дека постојат државни кадри кои мислат на Турција и кои се спремни да жртвуваат се што имаат за оваа земја.

Давутоглу рече: „Ќе постојат такви кои со терористичките напади ќе сакаат да ја зацрнат иднината на нашата земја. Нашата најголема сила против нив се нашето братство и нашето единство. Бидете сигурни дека работиме дено-ноќно како за одбрана на нашите граници, така и за воспоставување на спокојството на нашите граѓани и на јавниот ред, мирот и стабилноста во сите наши градови. Ќе бидат преземени сите видови мерки, ќе бидат реализирани сите работи и во секој дел на оваа земја ќе бидат воспоставени целосно безбедноста и слободата.“

Премиерот Ахмет Давутоглу во своето синоќешно обраќање до нацијата преку телевизијата „На патот на нова Турција“ подвлече дека пролетната атмосфера во економијата на Турција заедно со летото ќе се подобри уште повеќе и го додаде и следното: „Расте индексот на доверба во реалната економија, се зголемува индексот на доверба на потрошувачите, се зголемува индексот на индустриско производство, растат меѓународните инвестирања, се зголемува извозот, а инфлацијата опаѓа. Се надеваме дека оваа пролетна атмосфера во нашата економија која се појави заедно со пролетта, со настапување на летото ќе се подобри уште повеќе и нашата економија и нашата земја ќе станат поберикетни.“



Слични вести