Запознавањето на хравтските територии со исламот датира од порано

Срдечната атмосфера на толеранција и слобода не се донесува само на муслиманите во оваа земја,  туку за приврзаниците на сите религии и култури

479806
Запознавањето на хравтските територии со исламот датира од порано

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека сите оние кои што сакаат да предизвикаат раздор меѓу оние што искрено ја бранат култуурата на соживот, ќе се задават во сопствената темнина.

Во говорот на 100 годишнината од прифаќањето на исламската религија за една од официјалните религии во Хрватска, која манифестација се одржа од страна на Исламската верска заедница на Хрватска, претседателот Ердоган рече дека запознавањето на хравтските територии со исламот датира од порано и дека муслиманите со векови живееја во мир, спокојство и доверба на овие територии.

По стекнувањето со независноста на Хрватска во 1991 година, завршија тешкотиите и проблемите и на муслиманите како и сите граѓани во земјата, рече Ердоган и потенцираше дека денес во Хрватска имаме можност да видиме дека граѓаните уживаат во слободната вероисповест без да бидат изложени на дискриминација. Несомнено дека срдечната атмосфера на толеранција и слобода не се донесува само на муслиманите во оваа земја,  туку за приврзаниците на сите религии и култури.

Алудирајќи на фактот дека на свеченоста присуствуваа гости од различни исламски земји, претседателот Ердоган рече дека сите вие имате значајни одговорности и тешки задачи во своите земји. Наместо да бидете одвојувачки и дискриминаторски настроени, треба да бидете оние кои ќе ги сплотуваат луѓето и ќе го поттикнувате братството и единството.

Ердоган потенцираше и на значењето на толеранцијата и дијалогот и во тој контекст додаде:

Погрешно е односите меѓу религиите да се коментираат преку тажните моменти што беа доживени во историјата. Денес наместо тажните настани, треба да говориме за убавите примери на заедничкиот соживот. Денес во Хрватска имаме можност да видиме прекрасна слика за заедничкиот соживот која треба да се почитува и да претставува пример за светот. И ние во Турција на приврзаниците на различни религии и култури сметаме како на  богатство на земјата. Тоа не е сиромаштија, туку напротив богатство.

Последните 13 години во Турција е период кога приврзаниците на целото општество, особено христијаните и Евреите се стекнаа со поголеми права и слободи, рече претседателот Ердоган и акцентираше дека со истото сфаќање и визија ќе продолжат и во иднина.



Слични вести