Во операциите во Нусајбин-Мардин и Ширнак убиени уште 10 терористи на ПКК

Според соопштението објавено од страна на Генералштабот во операциите во населеното место Нусајбин во округот Мардин се убиени четворица, а во градот Ширнак 6 терористи

480335
Во операциите во Нусајбин-Мардин и Ширнак убиени уште 10 терористи на ПКК

Продолжува борбата против тероризмот...

Според соопштението објавено од страна на Генералштабот во операциите во населеното место Нусајбин во округот Мардин се убиени четворица, а во градот Ширнак 6 терористи.

На тој начин бројот на вкупно убиени терористи во рамките на операциите во населеното место Нусајбин во округот Мардин изнесува 302, а во градот Ширнак 266 терористи.

Исто така и во реализираните операции против лица кои и пружаат помош и уточиште на терористичката организација ПКК се фатени вкупно 8 лица од кои во градот Ширнак 4 лица, во Ван двајца и во Мардин  и Мерсин по едно лице.

Од друга страна во Елбејли кај градот Килис на турско-сириската граница се ватени 3 лица членови на терористичката организација ДЕАШ кои по незаконски патишта се обидувале од Сирија да преминат во Турција.



Слични вести