Од Џераблус под контрола на ДЕАШ истрелани 5 гранати врз Каркамиш кај градот Газиантеп

По случајот беше отворен оган со хаубици од типот „Фиртина“ врз позициите на терористичката организација ДЕАШ

480354
Од Џераблус под контрола на ДЕАШ истрелани 5 гранати врз Каркамиш кај градот Газиантеп

Од градот Џераблус во Сирија кој се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ беа истрелани 5 гранати од хаубици на граничниот појас кај населеното место Каркамиш кај градот Газиантеп.

Три од истреланите 5 гранати врз маалото Туркјурду паднаа на празен простор.

Едната од гранатите погоди една од хаубиците од типот „Фиртина“ кои се распоредени во близина на пограничната караула.

Притоа беше причинета мала штета во хаубицата, но немаше загинати или повредени.

По случајот беше отворен оган со хаубици од типот „Фиртина“ врз позициите на терористичката организација ДЕАШ.

Од друга страна безбедносни извори истакнуваат дека биле убиени група припадници на терористичката организација ДЕАШ кои биле установени со беспилотно летало и радари.



Слични вести