Новиот устав ќе се заснова на стекнување со поголеми права и слободи на граѓаните

Владата исто така има намера да го промени целиот испревртен систем и затоа се фокусирани кон формирање еден нов систем

479895
Новиот устав ќе се заснова на стекнување со поголеми права и слободи на граѓаните

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека Владата се залага за нов устав кој ќе се заснова на стекнување со поголеми права и слободи на граѓаните.

Пред посетата на Катар со која земја во последните години Турција ги разви односите на највисоко ниво, одржа прес конференција на аеродромот Есенбога во Анкара и одговараше на прашањата на новинарите.

Во врска со активностите за подготвувањето на новиот устав, премиерот Давутоглу рече дека имаат за цел пред собранието и јавноста да излезат со нов устав кој ќе обезбеди поголеми права и слободи за граѓаните во рамките на правната држава. Се залагаме да ја формираме основата на новиот устав кој ќе се заснова универзалните и национални вредности. Сржта на содржината на новиот устав ќе биде слободарството.

Во освртот на претседателскиот систем, премиерот Давутоглу рече дека Владата исто така има намера да го промени целиот испревртен систем и затоа се фокусирани кон формирање еден нов систем кој јасно и на прецизен начин ќе ја штити внатрешната рамнотежа и нема да се дозволи мешање на поделбата на власта.

Приоритет е најидеалниот, современ пример на претседателскиот систем кој го браниме и во тие рамки ќе го изнесеме пред јавноста.

Исто така продолжуваат активностите околу пишувањето на содржината на новиот устав, рече премиерот Давутоглу и подвлече дека не се точни шпекулациите кои се прават со пишувањето на содржината на новиот устав.

Премиерот Давутоглу им се заблагодари на претставниците на синдикатите кои усвоија заедничка одлука за одбележување на 1 мај во Бакирќој.



Слични вести