Министерот за развој Џевдет Јилмаз престојува во официјална посета на Ербил

Безбедноста на регионот истовремено претставува и безбедност на земјата

480357
Министерот за развој Џевдет Јилмаз престојува во официјална посета на Ербил

Министерот за развој Џевдет Јилмаз престојува во официјална псоета на Ербил.

Министерот Јилмаз и делегацијата во негова придружба на аеродромот Ербил беа пречекани од страна на раководството на Курдската регионална управа на северот на Ирак.

Министерот Јилмаз најпрвин се состана со потпретседателот на Владата на Курдската регионална управа на северот на Ирак Кубат Талабани. Средбата беше затворена за печатот.

На прес конференцијата што ја одржа по средбата, министерот Јилмаз подвлече на значењето за обезбедување на безбедноста на регионот.

Во тој контекст Јилмаз додаде дека Турција искрено верува во фактот дека безбедноста на регионот истовремено претставува и безбедност на земјата, спокојството на регионот е спокојство и за нашата земја. Сите заедно сакаме постабилен регион кој ќе биде далеку од тероризам и ќе владее спокојство.

Министерот Џевдет Јилмаз алудираше на финансиската криза во која се наоѓа Курдската регионална управа на северот на Ирак и посочи дека за разновидување на регионалната економија, треба да се зголемат заедничките инвестиции и трговијата.

Јилмаз ја изрази спремноста на Турција за споделување на искуствата во сите сфери.



Слични вести