Чавушоглу учествува на Конференцијата за соработка и градење на мерки на доверба во Азија

На отворањето на конференцијата говореше кинескиот претседател Ши Џинпинг, додека Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

480419
Чавушоглу учествува на Конференцијата за соработка и градење на мерки на доверба во Азија

Во главниот град на Кина, Пекинг, започна петтата конференција на министрите за надворешни работи за соработка и мерки за градење на доверба во Азија.

На отворањето на конференцијата говореше кинескиот претседател Ши Џинпинг, додека Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу во својот говор истакна дека треба да се зголеми соработката меѓу азиските земји.

Конференцијата на министрите за надворешни работи за соработка и мерки за градење на доверба во Азија се одржува еднаш на секои четири години.

Целта на овој со е да се воспостават безбедноста и соработката на азискиот континент на кој живеат повеќе од 4 милијарди луѓе од различна религија, јазик, раса и култура.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на конференцијата привлече внимание кон значењето од блиската соработка во однос на прашања како што се тероризмот, илегалната миграција и организираниот криминал.

Чавушоглу рече: „Без да се реши присутната криза во Сирија не може да се извојува победа над тероризмот и илегалната миграција.“ 

Осврнувајќи се и на проблемот со Нагорно Карабах, Чавушоглу истакна дека овој проблем треба да се реши со мировни патишта земајќи ги во предвид суверените права и територијалниот интегритет на Азербејџан.

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглуго нагласи значењето од зголемување на трговијата и инвестирањето при што напомена дека Турција преку Каспиското Море воспостави транспортна мрежа со Централна Азија.



Слични вести