Утре во Истанбул со церемонии ќе се прослави победата на битката Кут ал-Амар

На церемонијата што ќе се одржи утре во Истанбул по повод победата на Кут ал Амар ќе учествуваат и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу

479529
Утре во Истанбул со церемонии ќе се прослави победата на битката Кут ал-Амар

Утре во Истанбул ќе се прослави 100-годишнината од победата на Кут ал Амар (Кут’ул Амаре).

На церемонијата што ќе се одржи по повод оваа значајна победа на османлиската војска над британските сили ќе учествуваат и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.

Во оваа прилика претседателот Ердоган и премиерот Давутоглу во своите говори ќе дадат значајни пораки до меѓународната заедница во врска со случувањата на Блискиот исток.

На церемонијата ќе учествуваат и внуците на племињата Кут’тан и други племиња кои имале поддршка во оваа извојувана победа на османлиската војска над британските сили.

Ќе се одржат прослави во знак на сеќавање на борбата во областа Кут во Ирак и јунаштвото на османлиската војска.

Инаку борбата во Кут ал Амар (Кут’ул Амаре) е позната како една од битките на кои е извојувана историска победа за време на Првата светска војна. 

Османлиската војска под команда на Халил Паша на битката во областа Кут во границите на денешен Ирак извојува историска победа над британските сили.

За време на оваа битка која се водеше од декември 1915 до април 1916 година беа заробени вкупно 13.309 британски војници меѓу кои и 6 мина генерали и 476 офицери.

Победата на Кут ал Амар се оценува како последна извојувана победа на Османлиската држава, а исто така се смета дека е од историско значење и од аспект на извојуваната победа против империјалистичките сили на чија мета се наоѓаше овој регион.



Слични вести