„Турција нема да ги затвори своите врати за бегалците“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од Хрватска каде што допатува во официјална посета уште еднаш повтори дека Турција нема да ги затвори своите врати за бегалците

478865
„Турција нема да ги затвори своите врати за бегалците“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера во вечерните часови допатува во официјална посета на Хрватска.

Претседателот Ердоган и сопругата Емине Ердоган во претседателскиот дворец во Загреб беа пречекани од страна на претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и нејзиниот сопруг Јаков Китаровиќ.

По приредениот свечен пречек и интонирањето на националните химни на двете земји, претседателот Ердоган ја поздрави националната гарда на хрватски.

Потоа претседателите на Турција и Хрватска, Реџеп Тајјип Ердоган и Колинда Габар-Китаровиќ преминаа во претседателскиот дворец каде што најпрвин одржаа средба лице в лице, учествуваа на разговорите помеѓу делегациите на двете земји и одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган се осврна на прашањето со мигрантите и притоа уште еднаш повтори дека Турција нема да ги затвори своите врати за бегалците.

Ердоган рече: „Не ги затворивме нашите врати за да се засолнат во Турција, а нема да ги затвориме и во иднина. Презентирањето на поповолен приод на Западот кон прашањето ја оценувам како хуманитарна и совесна задача.“

Претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Од овде отворено би сакал да го кажам тоа дека има потреба од интензивна солидарност со земјите членки на ЕУ по прашањето на мигрантите, односно дека особено на Турција треба да и се достави поголема меѓународна поддршка во оваа точка.“

Во врска со Босна и Херцеговина пак претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција и Хрватска споделуваат одговорност по прашањето на иднината на Босна и Херцеговина.

Во рамките на посетата на претседателот Ердоган на Загреб беше потпишан договор во врска со кривичните дела, а исто така беше потпишан и протокол за соработка помеѓу Турската радио-телевизија ТРТ и Хрватската државна телевизија (ХРТ).



Слични вести