Турција ја осуди одлуката за забрана на работата на Кримското татарско национално собрание

Турското министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на прорускиот Врховен суд на Крим за внесување на Кримското татарско национално собрание во списокот на екстремни организации и за забрана на неговата работа

479098
Турција ја осуди одлуката за забрана на работата на Кримското татарско национално собрание

Турското министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на прорускиот Врховен суд на Крим за забрана на работата на Кримското татарско национално собрание и за негово внесување во списокот на екстремни организации.

Во објавеното писмено соопштение од министерството за надворешни работи се нагласува дека Кримското татарско национално собрание е формирано со слободната волја на кримскиот татарски народ и дека претставува легитимен претставник и законодавен орган на кримските Татари кој што е избран со демократски избори.

Во соопштенеито се вели дека одлуката за забрана на работата на собранието ја претставува последната алка од активностите насочени против единството и интегритетот на кримските Татари по илегалната окупација и анектирањето на Крим од страна на Русија.



Слични вести