Новиот устав нема да авторитарен и ќе има слободарски и секуларен дух

Борбата против тероризмот, ќе продолжи со иста решителност

479350
Новиот устав нема да авторитарен и ќе има слободарски и секуларен дух

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека во новиот устав ќе дадат значење на устав кој нема да авторитарен и ќе има слободарски и секуларен дух.

Претседателот на Партијата за правда и развој (АКП) и премиер Ахмет Давутоглу во говорот на проширената седница на претседателите на градските ограноци на партијата во седиштето на партијата рече дека државата води решителна борба против тероризмот и дека секое населено место ќе се стекне со безбедност и сигурност. Борбата која што ја водиме против тероризмот, ќе продолжи со иста решителност се до целосното ослободување на народот од тероризмот.

Премиерот Давутоглу во говорот се осврна и на подготвителните активности во врска со новиот устав и рече дека Владата има дадено ветувања на нардоот во однос на тоа прашање. Затоа, како резултат на сеопфатните консултации, почнувајќи од оваа недела ќе почне пишувањето на новиот устав.

АК партијата, освен во статутот на партијата, исто така и во досегашните нацрт-устави  кои ги изготви и изнесе на јавноста, освен другите квалификации, даде место и на секуларизмот. Во новиот устав што го подготвуваме, свое место ќе најде и начелото за секуларизмот, според кое верското убедување и слободата на вероисповед на индивидуалците,  ќе биде земено под гаранција, а исто така и државата ќе се држи на иста дистанца со приврзаниците на сите верски групи.



Слични вести