Генералштабот: Во погодена трикатна зграда во Дувајбик се убиени 13 терористи на ДЕАШ

Турските хаубици „Фиртина“ уништија две ракетни рампи и погодија една трикатна зграда на терористичката организација ДЕАШ во Дувајбик при шти беа убиени 13 терористи, а приближно 150 ракети „Катјуша“ беа доведени во неупотреблива состојба

479238
Генералштабот: Во погодена трикатна зграда во Дувајбик се убиени 13 терористи на ДЕАШ

Генералштабот соопшти дека вчера во Дувајбик на 12 километри северно од Алепо во северниот дел на Сирија и на 26 километри од градот Килис веднаш во непосредна блисина на турско-сириската граница од страна на хаубиците од типот „Фиртина“ биле погодени две ракетни рампи на терористичката организација ДЕАШ и една трикатна зграда во близина на ракетните рампи.

Во соопштението се истакнува дека 13 од терористите кои се наоѓале во погодената заграда загинале, а 7 мина биле ранети.

Во истото соопштение се додава дека во огнот отворен од страна на турските хаубици од типот „Фиртина“ биле доведени во неупотреблива состојба и приближно 150 ракети од типот Катјуша на терористичката ДЕАШ кои се наоѓале во долниот кат на погодената зграда.



Слични вести