АФАД ќе испрати хуманитарна помош за погоденото население од земјотресот во Еквадор

Управата за елеменатрани непогоди и итни состојби при Владата АФАД која ги започна своите активности во главниот град на Еквадор Кито, подготви 3.000 пакети со хуманитарна помош наменета за населението во погоденото подрачје

478984
АФАД ќе испрати хуманитарна помош за погоденото население од земјотресот во Еквадор

Хуманитарната помош на Турција пристигнува и во јужноамериканската држава Еквадор која во изминатите денови беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во кој животот го загубија 650 лица, неколку илјади лица беа повредени, а повеќе од 20 илјади лица останаа без своите домови.

Управата за елеменатрани непогоди и итни состојби при Владата АФАД која ги започна своите активности во главниот ргад на Еквадор Кито, подготви 3.000 пакети со хуманитарна помош наменета за населението во погоденото подрачје.

Помошта се состои од 1.500 пакети помош во храна и 1.500 пакети помош во хигиенски средства.

Во пакетите со помош од хигиенски средства подготвени од АФАД се наоѓаат сапун, детергент, четка и паста за заби, бебешки пелени и други средства за хигиена.

Управата за елеменатрани непогоди и итни состојби при Владата АФАД во погоденото подрачје освен пакети со помош од хигиенски средства ќе испрати и голема количина помош во храна, а освен тоа за камповите од шатори ќе бидат испратени и мобилни тоалети и средства за чистење.

Хуманитарната помош чиј вкупен износ изнесува над 1 милион турски лири (приближно 330 илјади долари) во првата етапа ќе му се додели на погоденото население од земјотресот во градовите Калкета, Портовијехо и Манта.

Управата за елеменатрани непогоди и итни состојби при Владата АФАД која тргна на пат со слоганот „Ние сме спремни за светот“ продолжува да им отрчува на помош на сите луѓе во голем број земји на 5 континенти.



Слични вести