За Килис ќе се преземат дополнителни воени санкции

Материјалната штета на која беа изложени еснафот и занаетчиите како и трговците, ќе се намири од страна на државата

478025
За Килис ќе се преземат дополнителни воени санкции

Потпретседателот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш рече дека за Килис ќе се преземат дополнителни воени санкции.

На прес конференцијата што ја одржа за време на паузата на Владиниот состанок, Нуман Куртулмуш рече дека најзначајна точка на дневниот ред на состанокот беа ракетите исфрлени од близината на сириската граница врз градот Килис, поради што на пат се нови дополнителни санкции.

Материјалната штета на која беа изложени еснафот и занаетчиите како и трговците, ќе се намири од страна на државата, рече Куртулмуш и додаде дека Турција располага со моќ да ги преземе сите потребни санкции за заштита на националната безбедност, рече Куртулмуш.

Во освртот на безбедносните зони во Сирија, потпретседателот на Владата Куртулмуш рече дека Турција го изнесе својот став дека треба да се стои против сите групи кои се поврзани со тероризмот. Треба да се формираат заеднички идеи околу формирањето безбедните зони. Затоа треба цврсто да се спротивставиме на сите терористички организации, без да се прави разлика меѓу нив, потенцираше Куртулмуш.



Слични вести