Во експлозијата во Нусајбин кај Мардин загина еден, а шест војници беа повредени

Џон Кирби рече дека САД нема директна поврзаност со терористичката организација ПКК

478203
Во експлозијата во Нусајбин кај Мардин загина еден, а шест војници беа повредени

Во експлозијата на рачно направениот експлозив во Нусајбин кај Мардин загина еден, а шест војници беа повредени.

Експлозијата се случи при претресот на една зграда која се користеше од страна на терористите на сепаратистичко терористичката организација ПКК.

Продолжуваат операциите во Источна и Југоисточна Анадолија во рамките на „пролетното чистење“ против терористичката организација ПКК.

Во операциите во Лиџе кај Дијарбакир беа убиени 6, во Нусајбин кај Мардин 5, Ширнак 4, додека еден терорист им се предаде на безбедносните сили.

Во рамките на претресот во руралното подрачје Кагизман кај Карс беа убиени 5 терористи.

Во операцијата на стрмното подрачје во местото Курешин Тепе во Улудере кај Ширнак, терористите ја напуштија пештерата во која се криеја штом ги видоа турските војници.

Терористите не бегање поставија експлозивни стапици во пештерата.

Безбедносните сили ги уништија експлозивните стапици и по влегувањето се соочија со пештера долга 100 метри, со 4 одаи.

Во рамките на претресот на пештерата беа пронајдени голем број оружјхе, муниција и животни намирници.

Од друга страна пак, портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби рече дека САД нема директна поврзаност со терористичката организација ПКК.

Џон Кирби, по секојдневната прес конференција, одговараше на прашањата на новинарите и на тврдењата во врска со директната поврзаност меѓу ПКК и САД, рече:

Немаме директни врски со лидерите на ПКК. Тие се странска терористичка организација.



Слични вести