Ердоган во Баку се состана со Илхам Алијев

Ердоган и Алијев акцентираа на значењето на слоганот „еден народ, две држави“

478124
Ердоган во Баку се состана со Илхам Алијев

Во рамките на 7-от Глобален форум на Сојузот на цивилизациите на ОН во Баку, претседателот Реџеп Тајип Ердоган се состана со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.

На средбата што се одржа во претседателската палата Загулба, претседателите Ердоган и Алијев изразија задоволство од успешниот развој на односите меѓу двете земји кои се базираат на заедничко пријателство и братство.

Средбите на високо ниво имаат големо значење од аспект на унапредувањето и развојот на меѓусебните односи, потенцираа лидерите и изразија верување дека односите ќе продолжат да се развиваат и во иднина.

На разговорите беа разменети мислења и во врска со 7-от Глобален форум на Сојузот на цивилизациите на ОН и беше подвлечено дека овој вид активности ќе дадат придонес во меѓународната соработка.

Ердоган и Алијев во врска со заедничките активности околу спроведувањето на проект гасоводот Транс-Анадолија (ТАНАП), зајакнувањето на енергетската соработка, како и прашањето нагорно Карабах акцентираа на значењето на слоганот „еден народ, две држави“.

По билатералната средба, претседателот Алијев приреди свечена вечера во чест на претседателот Ердоган. Вечерата на која учествуваа претседателот Ердоган заедно со сопругата Емине Ердоган и претседателот Илхам Алијев заедно со сопругата Мехрибан Алијева траеше околу еден и пол час.



Слични вести