Митинг за поддршка на Турција против ерменските тврдења во САД

На митингот за мир и солидарност во знак на поддршка на Турција против ерменските тврдења во Вашингтон учествуваа илјадници лица

477283
Митинг за поддршка на Турција против ерменските тврдења во САД

Во главниот град на САД Вашингтон се одржа „Митинг за мир и солидарност“ во знак на поддршка на Турција против ерменските тврдења.

На митингот учествуваа илјадници лица.

Митингот во организација на Турско-американскиот комитет за национално усмерување започна пред Белата куќа и заврши пред амбасадата на Турција во Вашингтон.

На митингот учествуваа и претседателот на Турско-американската парламентарна група за пријателство на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Али Сарикаја, пратеничката и потпретседателка на АК Партијата Фатма Бетул Сајан, пратеникот на АК Партијата Ертан Ајдин, амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич и генералниот секретар на Советот на муслиманите во САД Усама Џемал.

На митингот кој што беше организиран против тврдењата во врска со настаните од 1915 година и за привлекување на вниманието кон исламофобијата, непријателството кон странците и состојбата на сириските бегалци освен турски граѓани учествуваа и граѓани и муслимански заедници од други пријателски земји на Турција.

Учесниците на митингот носеа транспаренти на кои пишуваше „Ја поддржуваме Турција за мир и солидарност“ и „Се сеќаваме на жртвите на ерменскиот тероризам“, а беа извикувани и слогани со поддршка на Турција.



Слични вести