Миса во знак на сеќавање на загинатите војници во копнените битки на Чанаккале

Од страна на Новозеланѓаните и Австралијците како секоја година и оваа година рано наутро пред да зазори во Анзачкиот залив беше одржана миса во знак на сеќавање на загинатите војници за време на копнените битки на Чанаккале, пред точно 101 година

477583
Миса во знак на сеќавање на загинатите војници во копнените битки на Чанаккале

Се одбележува 101-та годишнина од копнените битки на Чанакале (Дарданелите) кои беа водени од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година во Гелиболу (Галиполе) и кои заземаат исклучително значајно место во историјата на Турција.

По тој повод од страна на Новозеланѓаните и Австралијците како секоја година и оваа година рано наутро пред да зазори во Анзачкиот залив беше одржана миса во знак на сеќавање на загинатите војници за време на Копнените битки пред точно 101 година.

На мисата учествуваа илјадници Новозеланѓани и Австралијци.

Пред да започне мисата на џиновските екрани кои што беа поставени беа прикажани документарни филмови во кои се раскажува за Битките на Чанаккале.

Мисата започна со оддавање почит со едноминутно молчење на загинатите војници и беа интонирани националните химни на Турција, Австралија и Нов Зеланд.

Мисата на која беа пеени побожни песни и беа одржани говори заврши со полагање венци на Анзачкиот споменик.

По повод 25 април Анзачкиот ден 101-та годишнина од Копнените битки на Чанаккале (Дарданелите) рано наутро пред да зазори беше одржана миса пред Анзачкиот споменик (Shrine of Remebrance) и во градот Мелбурн во Австралија.

Потоа беше одржана и традиционалната парада „Анзачки ден“.

На парадата учествуваа воениот оркестар, пензионирани војници и внуци на загинатите Анзачки војници за време на битките на Чанаккале.

За време на битките на Чанаккале од турска страна загинаа повеќе од 8.700 војници, а на страната на Австралија и Нов Зеланд имаше приближно 2.721 загинат војник.

Овие две земји кои заедно со нивните сојузници ги загубија Битките на Чанаккале секоја година на Анзачкиот ден одржуваат комеморации во знак на сеќавање на своите загинати војници.



Слични вести