Безбедносен самит во Анкара посветен на случаите на истрелани ракети врз градот Килис

Денеска во пладневните часови под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара ќе се одржи безбедносен самит посветен на случаите на истрелани минофрлачки ракети врз градот Килис

477340
Безбедносен самит во Анкара посветен на случаите на истрелани ракети врз градот Килис

По се почестите случаи на истрелани минофрлачки ракети од сириска страна на границата врз градот Килис во непосредна близина на турско-сириската граница Анкара премина во аларм.

Денеска во пладневните часови под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара ќе се одржи безбедносен самит.

На безбедносниот самит ќе учесвуваат надлежни потпретседатели на Владата, министри, високи функционери за безбедност и други надлежни високи функционери.

На дневен ред на безбедносниот самит за кој што се очекува да започне во 11:00 часот според турско време ќе се најдат случаите на истрелани минофрлачки ракети од сириска страна на границата врз градот Килис во кои досега загинаа дестици лица, а десетици лица беа повредени.

На безбедносниот самит ќе се разговара за тоа каков одбранбен систем ќе се развие против случаите на истрелување на мибнофрлачки ракети од сириска страна и безбедносните мерки кои што ќе бидат преземени во подрачјето.

Последната состојба во градот Килис во непосредна близина на турско-сириската граница ќе стане најзначајна точка на дневниот ред и на седницата на Владата која што ќе се одржи денеска веднаш по безбедносниот самит.

Во последниот случај со истрелани минофрлачки ракети од сириска страна на границата врз градот Килис животот го загуби уште едно лице, а 10 лица беа повредени.



Слични вести