„Вистинската фотографија на Турција се овие инвестирања и овие услуги“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изјави во градот Адана дека вистинската слика на Турција се овие инвестирања и услуги

477259
„Вистинската фотографија на Турција се овие инвестирања и овие услуги“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во градот Адана учествуваше на церемонијата на свечено отворање на новоизградената термичка централа Турфанбејли Енержиса и во говорот што го одржа во оваа прилика истакна дека вистинската слика на Турција се овие инвестирања и услуги.

Ердоган рече: „Еј Европа, еј свету! Ако сакаш да ја видиш вистинската слика на Турција ете погледни овде. Оваа постројка, овие инвестирања и услуги се место на кое што треба да погледнеш за да ја разбереш Турција.“

„Како што знаете ќе се појават голем број такви кои при овие видови инвестирања велат ’не сакаме’, меѓутоа во интерес и корист на целиот наш народ, во интерес и корист на нашата земја ова треба да им го наметнеме.“ - рече претседателот Ердоган.

Велејќи „Има такви кои велат по секоја цена да увезуваме јаглен. Јас лично сум против увозот на јаглен во нашата земја. А зошто сум против?“, Ердоган продолжи со следните зборови. „Против сум затоа што го поттикнува тековниот дефицит. Јас располагам со домашен јаглен. На местото на увезениот јаглен ќе се користи за два пати поголема количина домашен јаглен, но ќе се употребува домашен јаглен. Со употреба на домашен јаглен ќе го намалиме тековниот дефицит.“

„Нека не залажуваат никого од нас протестите на некои поборници за животна средина кај нас кои се противат на јагленот, хидроелектричните и нуклеарните централи. Не треба да им се обрнува премногу внимание ним. Ние треба да го направиме неопходното. Она што важи за мене е интересот на мојот народ и на мојата земја. Сите оние кои се противат на тоа се подробност и тоа треба да се остави настрана.“

„Знаете ли која е едната од најзначајните причини ако ние денеска во Турција се соочуваме со терористичката неволја? Тоа е процесот на Турција за влез меѓу 10-те најголеми економии во светот и тие со посредство на терористичката неволја водат обиди да ја оддалечат нашата земја од оваа цел. Меѓутоа ние ја знаеме и оваа намера и ќе ја срушиме и истата.“ - рече Ердоган.

Велејќи „Еј Европа, еј свету! Ако сакаш да ја видиш вистинската слика на Турција ете погледни овде“, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Тероризмот не претставува само наш проблем, туку претставува проблем на целото човештво. Ако се обидете да ја анализирате Турција преку терористичките настани ќе погрешите. Турција не ја раскажуваат и не можат да ја раскажат извештаите од кои сите се производ на политички пресметки, сите се поттикнати идеолошки и се украсени со искривоколчувања и лаги. Местото на кое што треба да погледнеш за да ја разбереш Турција е овде. Оваа постројка, овие инвестирања и овие услуги.“



Слични вести