Турција остро ја критикуваше изјавата на Обама

Обама во изјавата во врска со немилите случувања во 1915 година го употреби ерменскиот израз „Meds Yeghern“ (Голема катастрофа)

476503
Турција остро ја критикуваше изјавата на Обама

Турција остро ја критикуваше изјавата на американскиот претседател Барак Обама во врска со случувањата во 1915 година

Во соопштението на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека изјавата на претседателот Барак Обама на 22 април 2016 во врска со случувањата во 1915 година претставуваат нов пример на еднострано раскажување на тагата што беше доживеана во тешките условите на Првата светска војна.

Во соопштението беше истакнато дека Турција поаѓајќи од искуството на вековните односи меѓу турскиот и ерменскиот народ кои се базираат на заедничкиот соживот, секогаш изрази спремност за изградба на заедничка иднина во мир. Затоа наместо поддршката на овој наш повик, охрабрувањето на средините од страна на пријателските и сојузнички земји кои се обидуваат да го продлабочат јазот меѓу двете земји, претставува многу тажен настан.

Напорите за искористување на тажните моменти во историјата како политичко средство, никогаш никому не му донесоа корист, беше истакнатово соопштението на МНР.

За жал секоја година, одредени средини, наместо да извлечат поука од случувањата во минатото, се раководат согласно политичките интереси и позиции и нанесуваат поголема штета на пријателството и мирот. Исто така немаат респект кон случувањата во минатото. Во тие рамки, Американското раководство треба да направи посовесна проценка на случувањата, поради што ги повикуваме сите страни при правењето на своите проценки да бидат непристрасни, разумни и конструктивни.

Американскиот претседател Барак Обама во изјавата во врска со немилите случувања во 1915 година го употреби ерменскиот израз „Meds Yeghern“ (Голема катастрофа).



Слични вести