Висечкиот мост со премин преку Измитскиот залив ќе се вика „Осман Гази“

Претседателот Ердоган истакна дека висечкиот мост со премин преку Измитскиот залив чија изградба заврши ќе се вика „Осман Гази“

475691
Висечкиот мост со премин преку Измитскиот залив ќе се вика „Осман Гази“

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека висечкиот мост со премин преку Измитскиот залив како најзначаен дел на проектот на автопатот Истанбул-Бурса-Измир ​ќе се вика „Осман Гази“.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа по церемонијата на свечено поставување на последниот челичен сегмент на висечкиот мост над Измитскиот залив рече: „ Автопатот кој што е продолжеток на висечкиот мост со премин преку Измитскиот залив го сочинува првиот дел кој што е ставен во употреба од автопатот Истанбул-Измир како проект вреден 9 милијарди долари. Во текот на оваа година ќе биде ставен во употреба и делот од автопатот Измир-Кемалпаша во должина од 20 километри, додека целиот автопат се планира да биде ставен во употреба во 2018 година. Овој автопат чија вкупна инвестиција достигнува до 9 милијарди долари ќе го заземе своето место меѓу првите изградени проекти на Турција за 2023 година.“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „Нашите предци рекле дека времето чини пари. Ете повелете. Ова е економија и ова е да се разбере од економија. Заедно со сите инвестиции времето го претвораме во пари. на тој начин времетраењето на патувањето со возило кое што порано изнесуваше 2 до 2,5 часа истиот пат ќе биде поминат за помалку и од половина час.“

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ



Слични вести