Нуман Куртулмуш: Турција на стабилен начин го продолжува својот пат

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека и покрај сите негативности кои што се случуваат на исламската географија Турција на стабилен начин го продолжува својот пат

472514
Нуман Куртулмуш: Турција на стабилен начин го продолжува својот пат

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш кој вчера престојуваше во посета на градот Орду даде значајни изјави во врска со актуелниот дневен ред.

Куртулмуш истакна дека и покрај сите негативности кои што се случуваат на исламската географија Турција на стабилен начин го продолжува својот пат.

Велејќи дека Турција и покрај огнениот обрач во нејзиното опкружување продолжува да чекори со одлучни чекори по својот пат, Нуман Куртулмуш напомена дека таа е земја која служи за пример во оваа смисла.

Куртулмуш нагласи дека стабилноста и одлучните чекори кои што ги фрла Турција предизвикуваат загриженост кај некои средини и рече: „Ете состојбата со која што се соочува Турција во последно време, односно проблемот со тероризмот е јасен резултат на тоа. Во позадината на средините кои се против Турција се наоѓаат мрачни сили кои за ослабување на Турција ги поддржуваат терористичките организации.“

Нагласувајќи дека независно од тоа кој се наоѓа во нивната позадина и независно од тоа каква поддршка им се дава Турција ќе извојува победа во борбата против тероризмот и против бандите за насилство и организиран криминал, вицепремиерот и портпаролот на Владата Нуман Куртулмуш рече: „Никој не треба да се сомнева во тоа.“



Слични вести