Реакција на Анкара на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Турција

Изгласаниот извештај за напредокот на Турција во Европскиот парламент (ЕП) беше дочекан со реакции од страна на официјална Анкара

471529
Реакција на Анкара на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Турција

Претседателот на Комисијата за усогласување со ЕУ во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мехмет Касим Ѓулпинар го критикуваше тоа што исто како и минатата година и во годинашниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Турција се алудира на настаните од 1915 година.

Ѓулпинар рече: „Оваа состојба причини сенка и врз објективноста на извештајот. Извештајот освен тоа што ја искривоколчува историјата е во спротивност и со духот и динамизмот на односите меѓу Турција и ЕУ.“

Мехмет Касим Ѓулпинар воедно нагласи дека извештајот е далеку од разбирање на димензиите на тероризмот на ПКК и борбата на Турција против тероризмот.

Министерот за ЕУ и главен преговарач Волкан Бозкир исто така по усвојувањето на извештајот за напредокот на Турција во Европскиот парламент истакна дека истиот е неважечки за Турција.

Велејќи дека извештајот ќе биде вратен назад во Европскиот парламент, Бозкир рече: „Ние како Турција немаме ниту еден момент во нашата историја од кој што би се срамеле. Сите наши архиви се отворени. Ние веруваме дека за историските прашања треба да одлучат историчарите. Политичарите не треба да пишуваат историја. Не треба да се донесуваат политички одлуки во врска со историските настани.“

Во извештајот за напредокот кој што беше изгласан во Европскиот парламент со мнозинство гласови се наоѓаат изрази во врска со настаните од 1915 година, а исто така се упатува повик до терористичката организација која инаку се наоѓа во списокот на терористички организации на ЕУ, да го остави оружјето.

Во извештајот му се одделува место и на постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ во врска со мигрантите и се упатува пофалба до Турција за нејзините активности по прашањето на згрижувањето на бегалците.

Се нагласува дека Турција е земја која прифати најголем број бегалци во светот и дава големи хуманитарни придонеси по прашањето на бегалците, а воедно се изнесува и задоволство од одлуката за издавање дозволи за работа на сириските бегалци.

Во однос на визната либерализација за турските граѓани пак се истакнува дека визниот режим за турските граѓани би можел да се укине со ставањето во примена на утврдените критериуми во зацртаната патна карта по ова прашање.


Слични вести