Истанбул подготвен за 13-от лидерски самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС)

На дневен ред на дводневниот самит Организацијата за исламска соработка (ОИС) се наоѓаат иранско-саудиско-арапската затегнатост, тероризмот и исламофобијата

470281
Истанбул подготвен за 13-от лидерски самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС)

Утре во Истанбул започнува 13-от лидерски самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

На дневен ред на дводневниот самит се наоѓаат иранско-саудиско-арапската затегнатост, тероризмот и исламофобијата.

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка Ијад Медени вели дека овој самит ќе биде многу поразличен...

На самитот на кој ќе учествуваат претставници од 56 земји исто така 33 земји ќе бидат претставени на ниво на шефови на држави и претседатели на влади.

На самитот се очекува да бидат поставени на дневен ред прашања како што се граѓанската војна во Сирија, миргантскиот проблем, исламофобијата која се проширува во Европа и радикализмот кој што расте во муслиманските земји.

Привременото претседателствување на Организацијата за исламска соработка (ОИС) која инаку по ОН е втора голема организација во светот, на вчерашниот состанок на Советот на министрите за надворешни работи од досегашниот претседавач Египет премина на Турција.

По состанокот кој што продолжи вчера во текот на целиот ден конференција за претставниците на печатот одржа генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка Ијад Медени кој истакна дека самитот во Истанбул ќе биде едниот од самитите со најголемо учество досега и рече: „Овој самиот ќе биде многу поразличен.“

Во акциониот план на Организацијата за исламска соработка (ОИС) составен од 107 члена на преден план се појавуваат наслови како што се решавањето на Палестинскиот проблем и проблемот во врска со Ерузалим, борбата против сиромаштијата, борбата против тероризмот и екстремизмот, воспоставувањето на мирот и безбедноста, утврдувањето на инвестиционите и финансиските приоритети, развојот на науката и технологијата и климатските промени.

Во меѓувреме беа формирани и контакт групи за решавање на проблемот со Нагорно Карабах и недоразбирањата меѓу земјите членки, а со цел зголемување на ефикасноста на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Претставувањето на Либија во организацијата се дочекува со задоволство од страна на останатите земји членки, додека Саудиска Арабија и Иран меѓу кои извесно време постои затегнатост на самитот во Истанбул учествуваат на највисоко ниво.

Меѓу учесниците на самитот се наоѓаат и саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал-Сауд и иранскиот претседател Хасан Рухани што пак го зголемуваат уште повеќе и значењето на самитот.

Од друга страна пред самитот се зголемени и безбедносните мерки во Истанбул каде што полицијата ги покачија безбедносните мерки на највисоко ниво поготово областите на Бешикташ, Таксим и Шишли каде што се наоѓа Конгресната долина.



Слични вести